Идентификацијата ќе го намали бројот на припејд-корисниците

Bez autora
Jul 04 2012

Задолжителната идентификација на околу 1,3 милион корисници на припејд-картички ќе им отвори нови трошоци на мобилните оператори, кои накрај пак ќе паднат на товар на корисниците. А колатерална жртва на целиот процес ќе биде правото на приватност на граѓаните. Ако претпоставиме дека трошокот за регистрација на еден корисник изнесува околу 5 евра, тогаш вкупниот издаток за оваа намена на трите македонски мобилни оператори ќе биде околу 6,5 милиони евра. Овие пари, на еден или на друг начин, операторите ќе ги наплатат од корисниците. Покрај ова, операторите очекуваат дека поради постапката за идентификација, во значителна мера ќе им се намали бројот на припејд-корисници. Одреден дел од нив, од различни причини, нема да ги регистрираат СИМ-картичките во зададениот рок, па операторите ќе мора да им ги исклучат телефонските броеви.

Идентификацијата ќе го намали бројот на припејд-корисницитеЗадолжителната идентификација на околу 1,3 милион корисници на припејд-картички ќе им отвори нови трошоци на мобилните оператори, кои накрај пак ќе паднат на товар на корисниците.

А колатерална жртва на целиот процес ќе биде правото на приватност на граѓаните. Ако претпоставиме дека трошокот за регистрација на еден корисник изнесува околу 5 евра, тогаш вкупниот издаток за оваа намена на трите македонски мобилни оператори ќе биде околу 6,5 милиони евра. Овие пари, на еден или на друг начин, операторите ќе ги наплатат од корисниците. Покрај ова, операторите очекуваат дека поради постапката за идентификација, во значителна мера ќе им се намали бројот на припејд-корисници. Одреден дел од нив, од различни причини, нема да ги регистрираат СИМ-картичките во зададениот рок, па операторите ќе мора да им ги исклучат телефонските броеви.

Kако што пишувавме, со измените на Правилникот за општи услови за работа на мобилните оператори, кој ги подготви Агенцијата за електронски комуникации (АЕK), сите нови и постојни сопственици на припејд-картички ќе мора да се идентификуваат кај операторите со име, презиме и единствен матичен број, во спротивно телефоните ќе им бидат блокирани.

Во измените на правилникот не е прецизирано до кога е крајниот рок во кој треба да се идентификуваат сопствениците на припејд-картички. Ваквата ситуација, на пример, во Хрватска предизвика масовни турканици во салоните на операторите бидејќи на околу 4 милиони припејд-корисници им беше даден рок од три месеци да ја завршат постапката. Откако се увиде грешката, Хрватите ја одложија идентификацијата. Kај нас се предвидува дека регистрацијата ќе се врши преку СМС, со телефонско јавување или преку веб-страницата на операторот. Но останува отворено прашањето како операторите ќе ги верификуваат испратените податоци ако корисникот не се појави лично во салонот и не приложи лична карта или пасош.

Во земјите во регионот каде што веќе стапи во сила оваа мерка, операторите им нудат на припејд-корисниците разни ситни награди и попусти за да ги привлечат да дојдат во продавниците и да се идентификуваат. Така во Србија операторот МТС на регистрираните корисници им дава по 50 динари бонус во следните шест месеци, кои можат да се искористат за интернет, разговори или пораки кон сите мрежи. Српски „Теленор“, покрај 200 динари кредит и другите погодности, гарантира повторно добивање на стариот припејд-број ако корисникот ја изгуби регистрираната СИМ-картичка. Слични акции се спроведуваа и во Црна Гора, Грција и во Бугарија, каде што операторите им делеа на корисниците пенкала, тефтери или приврзоци.

Во целата оваа ситуација залудни се противењата на борците за човекови права во целиот свет на вакви иницијативи на владите и на телеком-операторите затоа што, според нив, со тоа се кршат загарантираните права на приватност и тајност на комуникациите. Лани во овие иницијативи се вклучи и германскиот уставен суд, кој им забрани на операторите навлегувања во приватноста на граѓаните. По тужба на 35.000 Германци, судот пресуди дека операторите не смеат подолго време да ги чуваат податоците за тоа со кого и колку долго некој корисник разговарал, како и информацијата за локацијата на која престојувал. Причината за ваквата одлука е можноста врз основа на овие податоци операторите или државните служби да ги реконструираат сите локации на кои одреден граѓанин бил во последната година или подолго време. Дилемите што се отвораат се дали е ова преголемо навлегување во приватноста на обичниот човек или, пак, може да се замиже на едно око бидејќи, без сомнение, овие податоци се многу корисни за следење на криминалци и на терористи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik